Извозна и кредитна банка а.д. Скопје ја проширува кредитната активност во доменот на енергетската ефикасност со цел да им помогне на домаќинствата и деловните субјекти во земјава да го намалат трошењето и издатоците за енергија, а со тоа да го намалат испуштањето на јаглеродниот диоксит во природата. Ова е дел од првата инвестиција на Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe (GGF), заем во износ од пет милиони евра што ИК банка ќе ги искористи за финансирање на проекти и за потребите на малото стопанство и за граѓаните. Според Јуџел Инан, генерален директор на ИК банка, се работи за проекти за подобрување на фасади, за топлинска изолација, замена на врати и прозорци, системи за затоплување, соларни топлински системи за топла вода, како и распоредување на топлината преку електронски пумпи за системи за затоплување. Дел од ова е и внатрешното и надворешното осветлување, како и применувањето на природен гас и обновливи извори на енергија.
Извозна и кредитна банка а.д. Скопје ја проширува кредитната активност во доменот на енергетската ефикасност со цел да им помогне на домаќинствата и деловните субјекти во земјава да го намалат трошењето и издатоците за енергија, а со тоа да го намалат испуштањето на јаглеродниот диоксит во природата.
Ова е дел од првата инвестиција на Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe (GGF), заем во износ од пет милиони евра што ИК банка ќе ги искористи за финансирање на проекти и за потребите на малото стопанство и за граѓаните.
Според Јуџел Инан, генерален директор на ИК банка, се работи за проекти за подобрување на фасади, за топлинска изолација, замена на врати и прозорци, системи за затоплување, соларни топлински системи за топла вода, како и распоредување на топлината преку електронски пумпи за системи за затоплување. Дел од ова е и внатрешното и надворешното осветлување, како и применувањето на природен гас и обновливи извори на енергија.
Од банката велат дека максималниот износ за добивање на кредит е 500.000 евра, а можат да аплицираат општини, јавни претпријатија, граѓани и малите и средните компании. Годишната камата ќе изнесува 7 проценти, а кредитот ќе може да се земе на 8 години. Досега банката за други слични проекти на околу илјада домаќинства им има одобрено 8 милиони евра кредит.
- Со оваа кредитна линија ќе се овозможи подобра енергетска ефикасност, особено што досега вакви кредити не беа достапни ниту за стопанството, а ни за граѓаните. Инвестициите сами ќе се отплатат преку заштеда на енергијата и ќе и помогнат на земјава да ги достигне енергетските цели, како што е 20-процентно намалување на електричната енергија, на емисијата на јаглероден диоксид и 20-отстотно учество на обвновливи извори на енергија - истакна Инан по потпишувањето на договорот за заем со GGF
Кристофер Ноулз, член на Одборот на директори на GGF, смета дека овој проект ќе им помогне на македонските фирми и домаќинства да ја намалат потрошувачката и трошоците на електрична енергија.
- Преку нашиот фонд сакаме да ја прошириме енергетската ефикасност во Југоисточна Европа да се подигне свеста кај граѓаните за борба против климатските промени - рече Ноулз.
Тој смета дека Македонија дека има доволно сончеви денови да ја искористува сончевата енергија и хидроенергијата, а располага и со потенцијал за искористување на биомасата.